Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до заменик министерката Манолева: Новите вработувања се манипулативно предизборно најавени

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, преку статус на Фејсбук пишуваат дека заменик министерката за здравство со политиканство сака да ги реши проблемите на здравствените работници.

„ПРОЧИТАНА Е ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА, СО ПОЛИТИКАНСТВО НЕ СЕ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ – КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ АПАРМИРАШЕ ДЕКА ВРАБОТУВАЊАТА СЕ МАНИПУЛАТИВНО И ПРЕДИЗБОРНО НАЈАВЕНИ, БЕЗ ЈАСНИ КРИТРИУМИ

Манолева наместо да тера политиканство како да “не е од тука” и денес не одговори каква е нејзината поврзаност со набавката на апаратот за роботика во Заводот за физикална медицина, по која цена е набавен истиот и како се движат цените за овој апарат во регионот

Додека таа денес одлучи да се занимава со политиканство, јавноста остана без одговори што конкретно таа презема на последната владина седница и тоа:

1.Зошто на седница на Влада заради партиски препукувања одбиена е точката за покачување на платата на медицинските сестри ?

2. Што презема Манолева по однос на одбивањето од дневен ред на точката за потпишување на Колективниот договор за вработените во Министерството за здравство, институцијата каде ја извршува функцијата заменик министерка?

3.Што конкретно Манолева презема за решавање на статусот на здравствените работници, ангажирани со договор на дело и кои се институциите каде започнала трансформацијата на работниот однос?

4. Манолева треба да одговори и дали важи правичната застапеност при вработувањата на најновиот оглас во Општата болница во Гостивар, ќе провери ли како се спроведува балансерот во оваа установа?5.Зошто Манолева од позиција на директор на Заводот за физикална медицина ги укина обуките за вработените во оваа ЈЗУ и за која намена сега одат овие средства?

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пред повеќе од еден месец, веднаш по најавата за трансформирање на статусот на вработените со договор на дело алармираше дека се одродената власт нема намера да им излезе во пресрет на лицата со договор на дело и дека се прочитани, а овие вработувања по цели 7 години, се предизборно и манипулативно најавени, но за жал ниту тогаш ниту денес истата таа Манелова не е заинтересирана за решавање на статусот на овие здравствени работници зашто од една страна. Манолева за жал не презема ништо иако навремено апелиравме, а денес одлучи да тера политиканство без да најде нитуедно решение во здравствениот систем. По 7 години негрижа за кадарот со договор на дело, власта во заминување повторно тера манипулации за ситни политички поени. Здравствените работници од самиот почеток воопшто не се информирани за постапките и критериумите за вработување, ниту за тоа на кој начин е дојдено до бројката од 1117 враборувања предизборно и манипулативно најавени“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.