Комисијата го укина полицискиот час, па се предомислува – Можно враќање во три градови

Поради зголемениот број нови случаи на заразени со коронавирус во дел од скопските општини, Тетово и Штип, на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се разговарало за можно враќање на полицискиот час во овие три места, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во комисијата.  Според нашите извори од комисијата, критични се Чаир, Штип и Тетово.

„Се размислува да се врати полицискиот час во Скопје, Тетово и Штип, најмногу поради тоа што младите се собираат по паркови, на Водно и слично, а сендвичарите, пицериите и пекарите, сите работат и по 22 часот, практично цела ноќ“, вели еден од изворите, кој не е овластен да дава официјални изјави.