Комисијата одлучи за Тетово кои ученици од 1 септември почнуваат онлајн, а кои со физичко присуство

Комисијата за заразни болести го прифати барањето на Кризниот штаб на Тетово новата учебна година во средните училишта во Полошкиот регион да почне онлајн поради состојбата со пандемијата со Ковид-19.

Министерот за здравств Венко Филипче на прес-конференција во Тетово со градоначалничката Теута Арифи, рече дека наставата во средните училишта на 1 септември ќе почне онлјан и така ќе се одвива две недели, а како ќе се одвива понатаму ќе зависи од развојот на состојбата.

Наставата во основните училишта, пак, на 1 септемри ќе почне со физичко присуство.