Комисијата предлага укинување на полицискиот час од среда и да нема ограничување за гости на свадби

Комисијата за заразни болести утринава одржа состанок на кои се донесени одлуки за нови мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека до Кризниот штаб ќе бидат предложени три нови мерки, кои би требало да стапат на сила од среда, доколку бидат усвоени од Владата.

Се предлага целосно укинување на полицискиот час бидејќи епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова.

Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.

Се преглага и  да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 илјада од објектот и не повеќе од 1000 лица.

Венко Филипче

35 minutes ago

Утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни:
➡️ Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.
➡️ Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
➡️ Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.