Комисијата предложи ништо да не работи по 23 часот

Утрово се одржа нов состанок на Комисијата за заразни билести при што е одлучено да се предложат нови рестриктивни мерки, како што се ограничување на бројот на патници во јавниот превоз за 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти по 23 часот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. За нив ќе се одличува на владина седница во понеделник

– Одржавме состанок заедно со Комисијата за заразни болести утрово, ги разгледаме околностите со кризата, некои епидемиолошки податоци од анкетите. Состојбата во болниците е таква да целосно е спремна модуларната болница до Инфективната клиника, иако таму се уште нема сместено пациенти. Во однос на бројките, еве гледаме и насекаде во регионот се зголемуваат дијагностицираните случаи, со очекуваниот есенски бран – рече Филипче.

Во однос на бројките еве гледаме и секаде во регионот се зголемуваат случаите. со есенскиот бран, рече Филипче.

Еден пакет рестриктивни мерки е веќе предложен до Владата, потребно е да се направат законски измени и Собранието идната недела да го изгласа. Тоа е пакетот мерки за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.