Комисијата за заразни болести без препорака за намалување на мерките, предупредува на раст на бројката заболени

Комисијата за заразни болести и во понеделникот не даде препорака за олабавување на меркитем, откако на редовниот утринскиот состанок поради зголемениот број случаи поврзани случаи изминатите 24 часа, лекарите не разговарале ниту за евентуално скусување на полицискиот час, ниту за отворање на угостителските објекти.

Според статистиката од Институтот за јавно здравје, во последното деноноќие регистрирани се 22 новозаболени, од изведени 145 тестирања, што е еден од најниските показатели на дневно ново во однос на детектирњето на заболените. Овој показател, пак, во последните 24 часа е преполовен, во однос на претходните денови. Во изминатите неколку денови бројот на заболени го држи тој тренд или се зголемува.

Најмногу новоинфицирани во понеделникот се потврдени се во Скопје – 13, седум се од Тетово, а  двајца од Прилеп. Ден претходно имаше 20 нови случаи на 275 направени тестови, а во саботата 36 новозаболени на 411 тестирања, претходно 33 нови случаи на 332 тестирања. Но, во последните два дена не се пријавени смртни исходи.

Според тоа, како и според бројката новодијагностицирани случаи на зараза со коронаворусот во последните неколку дена, показателот за нови случаи заболени со Covid-19 не се намалува, туку напротив се зголемува или останува речиси ист, кога ќе се според со бројот направени тестови.

Министерството за здравство пред три соопшти дека епидемиолошката крива бележи пад, според бројката оздравени, по што следуваше најава дека можни се олеснување на рестриктивните мерки, за веќе следниот ден да информираат дека врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата одлучила мерките да останат и натаму на сила.

Според денешните информации од кабинетот на шефот на државата Стево Пендаровски, одлуката за евентуално продолжување на вонредната состојба ќе се знае по утрешната лидерска средба. До крајот на седмицата, исто така, треба да биде свикан и Советот за безбедност, бидејќи во сабота истекувааат вторите 30 дена од продолжената вонредна состојба во земјата.