Комисијата за заразни болести денеска ќе ги разгледува барањата на угостителите

Комисијата за разни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се одлучи дали ќе има попуштање на мерките и дали барањата на угосителите ќе се прифатат.

Да потсетиме, од Независната угостиелска комора бараат повеќе да не се ограничува нивното работно време, да се дозволи жива музика, повеќе лица на маса, но и организирање поголеми прослави според одредени протоколи.

Министерот Филипче пак смета дека иако нема влошување на епидемолошката состојба заради попуштањето на рестриктивните мерки, сепак мерките што во моментов се во сила, треба да останат уште најмалку една недела.