Комисијата за заразни болести одлучува дали ќе го откаже пописот или не, потенцира Симовски

Шефот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денес изјави дека откажувањето или не на процесот на попис во земјата, поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, зависи од Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Според него, ваквата одлука зависи од КЗБ, и доколку оваа здравствена установа одлучи дека нема услови да се спроведе овој статистички процес, тогаш секако дека таквата одлука ќе се почитува.