Комисијата за заразни болести потпадна под политички притисок, ги олабавија мерките прерано затоа имаме нов пик на опасниот вирус

Не смее да дозволи Комисијата за заразни болести да потпадне под политички притисок истакна доктор Ненад Лазаров во гостувањето во емисијата „А што не е јасно“.

Истакна дека Комисијата за заразни болести потпадна под политички притисок, ги олабавија мерките прерано и токму ова е причината поради која имаме нов пик на опасниот вирус.

„Непходно е таа комисија исклучително само медицинско мислење да дава без да дозволи врз донесувањето на одлуки да има политичко влијание, ниту пак еден друг притисок, а тоа е притисок од бизнис секторот. Обврска е и она што се очекува од Комисијата за заразни болести е да даде исклучително експертско мислење за постапките кои што треба од медицински апсект да се направат. Не треба тука да размислуваат во однос на економските последици, политичките последици туку апсолутно да се задржат со медицинското мнение. Ако тоа го прават нема да има проблеми. Меѓутоа чувствувам дека огромен е притисокот врз нив како политички така и од бизнис заедницата, вели тој.

Упати и низа критики на сметка на членот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски посочувајќи на неговото ноншалантно однесување во ден кога имаме 7 починати од Ковид 19 е недозволиво.

„Не ми се допаѓа самодовербата на колегата Караџовски, не ми се допаѓа стилот на однесување. Ситуацијата е пресериозна, само денес имавме 7 смртни случаи и насмевка на лице на лекар и здравствен работник е недозволива во една ваква ситуација“, рече.

Лазаров потенцираше дека во моментов државниот апарат, Владата не е фокусирана на справување со корона кризата туку спроведување на избори и оти ова не смее да се случува.

„Не можам да прифатам дека по секоја цена треба да избуткаме некакви избори затоа што државата ни е во криза. Па драги мои државата ни е во криза од кога памтам за себе“, заклучи др Лазаров.