Комисијата за заразни болести утре ќе го одржи состанокот

Состанокот на Комисијата за заразни болести ќе се одржи утре. Тоа ќе стане пракса и состанокот наместо во вторник ќе се одржува во среда. Заради обврските кои ги имаат некои од колегите и министерот за здравство попрактично е состанокот на Комисијата да се одржува во среда, изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Основна точка на состанокот, посочи, е епидемиолошкиот пресек за минатата недела, а има и точки на дневен ред кои после тоа се разгледуваат.

– Кога ќе заврши состанокот на Комисијата ќе има прес-конференција и тогаш ќе кажеме се што е расправано, што има донесено препораки и заклучоци, додаде д-р Мехмедовиќ.