9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: ЕДНА СЛИКА – ЗБОРОВИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ

Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ преку статуст на Фејсбук ја опишаа моменталната состојба на споменикот Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје.

-ЕДНА СЛИКА – ЗБОРОВИ НЕ СЕ ПОТРЕБНИ !!!
Денес, кога секој Македонец се потсетува на ликот, делото и значењето на нашиот и само наш Гоце Делчев за нашата Македонија и за нас – Македонците, не можевме да не останеме запрепастени од сликата пред најголемиот великан, пред која токму денес се поклонија владините делегации!
За состојбата во која моментално се наоѓа споменикот на овој наш великан не се потребни зборови! Една слика – го запечати целото лицемерие на оние што се поклонуваат, без претходно да се погрижат за оној пред кого се поклонуваат! Една слика – стави потпис на сè што веќе знаевме за тоталната негрижа на власта како за градот, економијата, споменикот, така и за најсветото – за историјата на својот народ и земја!
Крик татне во душата, лелек предизвикан од негрижата и нечовечниот однос кон сопствената ни историја, а истовремено и кон нашата сегашност и иднина!
Вистинското прашање е: Знае ли власта што е држава? Знае, само ако државата е толкава колкав што е нивниот гол интерес.
Гробари, вандали, девастирачи, бесрамници, уништувачи на сè што значи Македонија и Македонско…наречете ги како сакате! Тие луѓе кои ја чинат власта на оваа земја секој ден во своите скапоцени автомобили поминуваат пред спомениците во кои лежи и полека, но сигурно пропаѓа богатството на оваа земја, нашата култура, нашата историја, нашиот идентитет…
Петре не се ни одважи да му оддаде почит на Делчев – ете толку му значи Македонија!
Знаат ли Петре Шилегов и Град Скопје за срам?! Не знаат! Тие нема ни да трепнат затоа што за таквите срамот, едноставно, е непозната категорија и не им е во карактерот!
Таквите не се срамат ни пред себе си, не се срамат пред никого, па ни пред својот народ!
Да ги потсетиме што нè научи Даскалот!
„Ќе бидете многу наивни ако им верувате на нашите зборови, гледајте ги нашите дела“
Бидете сигурни дека народот не е наивен и за разлика од вас, се раководи според поуките на Делчев и не верува на вашите зборови, туку ги гледа вашите (не)дела!!!
Лидија Петкоска
Комисија за локална самоуправа, стои во постот на Фејсбук.