Комисијата за Одбрана ја поддржа одлуката за праќање војска во Авганистан

Заменик министерот за одбрана Беким Максути појасни дека се работи за испраќање 38 војници кои ќе учествуваат во мировната операција во Авганистан која ќе важи од март до септември 2017 година, односно дел се од декември 2016 до јуни 2017 година.

– По овој датум најверојатно ќе има нова одлука од НАТО, а ние како Министерство ќе одлучиме дали и колку војници ќе учествуваат во следниот период, рече Максути.

За одлуката за испраќање на припадник на АРМ во Босна и Херцеговина, заменик министерот информира дека се работи за доктор кој ќе биде упатен во тимот на доктори во кампот „Бутмир“ крај Сараево од декември 2016 до јуни 2017 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.