10.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Комити: Oвој стадион секогаш бил, е и ќе биде „Градски Стадион – Скопје“

Градскиот стадион во Скопје доби ново име, Владата денеска реши да го преименува во Национална арена „Тоше Проески“, одлука која не наиде на многу позитивни ракции.

Навивачката група „Комити“ се огласи експресно со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

„Понесени од нагонот за преименување на се што е гордост, традиција и Македонски идентитет, повторно се дрзнаа ‘семоќните’ да го преименуваат нашиот втор дом…

Но овој стадион секогаш бил, е и ќе биде “Градски Стадион – Скопје”, Република Македонија !!!

„Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?” – еднаш праша Маестро Тоше, но не му беше одговорено…

Прости им Великану, не знаат што прават !!!“