Македонија

Комити повикуваат на протест: Никој не е појак од народот кога е сплотен!

Комити повикуваат на протест: Никој не е појак од народот кога е сплотен!

Комитите порачаа дека тие не се ни режимот ни шарената револуција и повикаа утре кога ќе се потпишува Договорот со Грција за името Северна Македонија, сите да излезат на протести.

– Недела 17.06 2018 со почеток од 20.00 повторен собир пред собранието на Република Македонија. Ќе повториме дека ние иако не зeмаме пари за одбрана на татковината како полицијата и војската,како граѓани, должни сме да искочиме и да си го браниме ова наше парче земја. Ги повикуваме повторно сите навивачки групи и сите слободоумни патриоти да дојдат, да се сплотиме како едно. Ако не сте во можност за да дојдете во Скопје, организирајте се локално, пишуваат тие во соопштението.

– Последен пат ве повикуваме на мирен протест, а за наредниот период нека се мислат. Нас, апсења и притисоци не не плашат. Порака до тие што се закануваат: ние не сме ни “режимот” , а ни “шарената револуција”, ние сме Комити и ќе ве најдеме, а останатото сте го читале во учебниците по историја. Запомнете, борбата е да им го смениме менталитетот на нашите политичари, да научат да ги ценат и бранат интересите на Македонскиот народ, а не да ги распродаваат. Никој не е појак од народот кога е сплотен, се додава во соопштението од Комитите.