Комити со моќна порака до своите миленици, иако испаднаа во ВМФЛ

Македонскиот фудбалски великан Вардар испадна во втора лига минатиот викенд и остана без шанси да се бори за опстанок, но најверните фанови на скопската фудбалска гордост го испратија својот тим во понизок ранг на натпреварување онака како што доликува.

Верните „Комити“ се собраа пред Националната арена „Тодор Проески“ пред натпреварот со Македонија Ѓорче Петров кој немаше никакво резултатско значење.

Вардар одново загуби со резултат 0:2 во малото градско дерби, но слика на денот беше пораката која ја испратија страствените навивачите на најтрофејниот македонски клуб, кои јасно ставија до знаење дека ќе го бодат тимот во било кој натпреварувачки ранг.

„Прва, Втора, Трета, Општинска, Вардар ЗАСЕКОГАШ, – гласеше транспарентот на „Комити“, кои подоцна се огласија и преку социјалните мрежи.

„И на врвот, и последен ТИ СИ ВАРДАР САМО ЕДЕН ! ФК Вардар – ФК Македонија Ѓ.П (16.05.2021) #ВардарЗасекогаш #ГордостМакедонска“.