„Комити“ упатија повик до навивачите на Фенербахче

Навивачката група „Комити“ во своето соопштение испрати порака и до фановите на Фенербахче кои ќе дојдат во Скопје, во заднината на превирањата околу цената на влезниците и најавата дека македонскиот шампион Вардар ќе го напушти творецот на оваа извонредно ретка за македонски услови успешна спортска приказна, Сергеј Самсоненко.

„Повик и до фановите на гостинскиот тим од земјава и странство, Немојте ниту вие да бидете дел од провокацијата која има за цел да креира вештачка нетрпеливост таму каде што ја нема. Јужната трибина е нашата светост како и Западната, и билети за Јужна трибина немојте да купувате, за да не бидете дел од едно лошо сценарио креирано против нас и вас…

Послушајте го нашиот пријателски повик и сместувајте се на Источната трибина која традиционално е резервирана за гостински навивачи. Доколку веќе сте купиле билети за Јужна, заменете ги за Источната по иста цена се. Вие не сте виновни, но тоа се емоции кои вие како вистински навивачи на вашиот клуб ќе ги разберете доколку се ставите во нашата позиција…“, се наведува во пораката на навивачите на скопски Вардар.

Од средата почна продажбата на билети за натпреварот од плеј-офот од Лигата на Европа помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра на 17-ти август на „Телеком Арената” во Скопје.

Цената на билетите првично изнесуваше 2.000, 2.500 и 3.000 денари.

Имателите на Вардар ПАС билети, оние гледачи кои беа пристугни на натпреварите со Копенхаген или Малме во ЛШ, и оние коишто ќе приложат билет од некој од минатосезонските натпревари на ФК Вардар, имаа 50 отсто попуст при купување на билет. За нив билетите ќе чинат 1.000, 1.250 и 1.500 денари.

Меѓутоа, следеше реакција на вардоровите навивачи, поради висината на цените на влезниците, како и поради тоа што беше соопштено дека Јужната трибина, на којашто традиционално се присутни домашните „Комити“, как беше објавено „поради големиот интерес и од безбедносни причини, Јужната трибина на Телеком Арената ќе биде резервирана за навивачи на Фенербахче. Навивачите на Вардар и неутрални гледачи, можеа да купуваат билети само за западната и за северната трибина од стадионот“.

Поради навредливите реакции, но и поради несфатливо негативниот однос на новите власти и од нив контролираните медиуми, сопственикот на Вардар – кој по повеќе од деценија ипол успеа да добие шанса да се квалификува во самата завршница од едно од двете најквалитетни клупски континантални натпреварувања – рускиот бизнисмен кој живее во Скопје, Сегеј Самсоненко во петокот објави дека ќе се повлече од клубот а во врска со билетите за натпреварот Вардар – Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина. На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.