Комитска единица со инвазија на Виница!

Екипата на ФК Вардар продолжува да чекори кон првата лига, а Комитите најавуваат уште еден навивачки спектакал. После минатонеделната победа против големиот ривал за пласман во првата лига, екипата на ФК Воска, Вардарци сега гостуваат во Виница, а каде игра Вардар, таму се и Комити кои најавуваат голема поддршка и инвазија. Еуфоријата се чувствува низ целиот град, локалните подгрупи од Волково, Карпош, Центар, Аеродром, Ново Лисиче и Ченто реализираа акции со кои повикаа на масовно присуство на саботниот натпревар. Дополнително, се очекува присуство и на Комити од останатите делови на Македонија, како Велес, Штип, Кратово, Берово, и од самата Виница која од важи за Вардарова општина уште од основањето на клубот пред 75 години.

Вардар и Комитите ги повикуваат сите навивачи да се приклучат на црвено-црниот караван и во сабота во 11:00 часот од Железничка станица во Скопје заедно да се упатат кон новата цел – освојување на нови 3 бода.

Повторно ќе бидеш ти на трон – Повторно ќе бидеш шампион!

Сите во Виница – Игра Вардар!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.