Компјутерите подобро од луѓето ја предвидуваат смртта

Дека компјутерите ќе ја предвидуваат нашата смрт се чини како научна фантастика, но според сѐ судејќи тоа не е толку далелчна иднина како што се мисли, велат европските научници.

Студијата претставена на меѓународната конференција на кардиолозите во португалската престолнина Лисабон во првата половина од мај покажала дека вештачката интелигенција подобро од луѓето може да го пресмета ризикот од смрт. И тоа не само за малку подобро. Имено компјутерскиот алгоритам е во состојба со 90 отстотна прецизност да ги идентификува обрасците кај пациентите кои починале, истакнуваат стручњаците.

Лекарите често го проценуваат ризикот од смртен исход за да одлучат на кој начин да ги лекуваат пациентите. Смислата на студијата била да се покаже колку повеќе фактори на ризикот може да идентификува компјутерот во однос на луѓето. Во проучувањето учествувале 950 пациенти со болки во градите кои биле испратени на преглед за да се види дали боледуваат од срцеви болести. Врз основа на прегледите и претходната медицинска документација одредени 85 различни варијабили. Студијата бил продолжена по шест години, период во кој се случиле 24 срцеви удари и уште 49 смртни слуачи.

„Со анализата на 85-те варијабили кај 950 пациенти, агоритамот ‘научил’ како тие податоци меѓусебно дејствуваат. Потоа изработил обрасци кои ги поврзуваат срцевиот напад и смртниот исход со точност од 90 отсто“, се наведува во студијата. Стручњаците велат и дека тоа ќе им помогне на лекарите да ја подобрат терапијата, така што кај пациентите подобро ќе бидат индентификувани факторите на ризикот од смртен исход.

„Ова претставува голем напредок во однос на она што досега се правеше во медицината, каде мораме да бидеме прецизни околу тоа како ги проценуваме ризикот и исходите. Имаме податоци, но досега не го користевме нивниот целосен потенцијал“, наведува авторот на студијата, Луис Едуардо Хуарез-Орозко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.