Компанија од САД тврди дека Кина е поврзана со кибернетичките напади на Ватикан

Американската компанија за кибернетичка безбедност „Recorded Future“ соопшти дека хакерска група наводно поврзана со кинеските власти, извршила кибернетички напад врз системите на Ватикан, во пресрет на повторното преговарање за прелиминарниот договор со Пекинг за назначување епископи во земјата.

„Од почекот на мај, Ватикан, католичката епархија во Хонгконг и неколку други организации поврзани со Католичката црква биле под напади на RedDelta, група поддржувана од Кина, чијашто активност претставува закана“, соопшти американската компанија „ Recorded Future“ на својата веб-страница.

Експертите за кибернетичка безбедност на компанијата, забележуваат дека нападот во компјутерскисте системи на Ватикан и други организации се случува „во пресрет на преговорите за важниот прелиминарен договор меѓу Кина и Ватикан од 2018 година, кои се очекуваат во септември 2020 година“. Според компанијата, како резултат на овој договор, Кимунистичката партија на Кина, наводно, добила поголема „контрола над ‘подземната’ католичка заедница во земјата, којашто историски е прогонувана“.

Американската компанија оценува дека наводниот напад би можел да „им овозможи на RedDelta да ја дознаат позицијата на Светата столица во преговорите“. Исто така, хакерската група како резултат на мрежниот упад, според стручњаците, можела да добие пристап до „вреден извор на информации за да се следат односите на епархијата со Ватикан и нејзината позиција за про-демократското движење во Хонгконг“.

На објавата на американската компанија, реагираше веднаш во средата портпаролот на киниското минисерство за надворешни работи Ванг Венбин, коментирајќи дека во истраги за хакерски напади мора да се зборува со аргументи а не со претпоставки.

„При истраги во случаи кои се поврзани со кибернетичкиот простор, неопходно е да се обезбедат доволно догази, а не да се правата конструкции и шпекулации“, изјави Ванг на брифинг со новинарите во Пекинг.

Во септември 2018 година Ватикан и Пекинг потпишаа прелиминарен договор за назначување епископи во Кина. Договорот, кој беше оценет како „историски“, беше постигнат во текот на посетата на кинеската престолна на заменикот на секретарот за односи со државите на Светата столица, монсињор Антоан Камилери, кој водеше разговрори со заменикот министер за надворешни работи Ванг Чаи.

Во Кина во моментов постојат фактички две католички цркви. Официјалната црква, чии епископи ги назначуваат кинеските власти без согласност од Светата столица, и којашто обединува околу 6 милиони верници, и ткн „подземната“ или прикриена според западните медиуми, којашто има 12 милиони следбеници.

Прашањето за постапката за назначување на католичките епископи е главната пречка за нормализирање на односите меѓу Ватикан и Пекинг. Кинеската страна инсистира правото назначува епископи да му припаѓа на Здружението на кинеските католици патриоти, додека Светата столица ова право му го дава исклучиво на папата. Во моментов Ватикан нема воспоставено дипломатски односи со Кина и е единствената држава во Европа која официјално го признава Тајван како засебна држава, островот кој Пекинг го смета за своја одметната покраина.