Компанијата „Беса Транс“ имала четири кривични пријави

Компанијата „Беса Транс“ чиј автобус се запали на патот Струма во Бугарија и при тоа изгореа 45 патници од Македонија има четири кривични пријави за непочитување на ковид-протоколите во 2021, објавија медиумите.

Од Државниот инспекторат за транспорт,  велат дека годинава на граничните премини биле извршени четири инспекциски надзори по основ на почитување на мерките над автобусите на оваа компанија и сите случаи резултирале со кривични пријави.

Законски, делата се третирале за кривични затоа што во екот на пандемијата се барало строго почитување на протоколите против Ковид-19, но во автобусите секогаш била затекнувана прекубројност на патници над она што било дозволено, односно пропишано во моментот.

Од ДИТ велат дека „Беса Транс“ ги имала сите потребни лиценци и дозволи за слободен меѓународен превоз, а транзитно најмногу го користел граничниот премин Деве Баир.