Компанијата „Боинг“ пред пропаст

Извршниот директор на „Боинг“, Дејвид Калхун, изјави дека воздушниот транспорт во светот ќе се опорави толку бавно што една од главните американски авиокомпании, најверојатно, ќе престане да работи.

– Нешто ќе се случи кога ќе дојде септември. Воздушниот сообраќај нема да се опорави 100 проценти,  дури и нема да се врати ни за 25 проценти – изјави Калхун за Ен-Би-Си.

Компанијата „Боинг“ не успеа да продаде ниту еден комерцијален авион во април, а нарачката за 108 авиони е откажана затоа што ненадејниот пад на воздушниот сообраќај целосно ја поништи побарувачката.

Ова е втор месец годинава што „Боинг“ нема добиено нарачки, што беше незамисливо порано, јавија американски медиуми.
МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.