Компанијата Facebook ќе им овозможи на вработените да работат од дома до крајот на годината

Американската технолошка компанија и сопственик на најголемата светска социјална мрежа „ Facebook“ ќе им овозможи на своите вработени да работат од дома до крајот на оваа 2020 година, пренесува американската телвизиска мрежа CNBC News повикувајќи се на претставник на компанијата.

„Facebook ќе им овозможи на сите вработени кои можат да ја вршат својата работа од далечина да продолжат да го прават тоа“, се наведува во соопштението на компанијата. Се истакнува и дека од 6-ти јули ќе започне постепеното отворање на повеќето канцеларии. Притоа, претставникот на Facebook истакнува дека сѐ уште не е донесена одлука кои вработени ќе бидат повикани да се јават на работните места во конацелариите.

Во април челникот на компанијата Марк Цукерберг најави дека нема да бидат одржувани никакви состаноци со присуство со повеќе од 50 лица, барем до јули 2021 година.

Претходно медиумите објавија и дека компанијата Google ќе преземе слични мерки, чии вработени ќе може да се вратат на работните мест од почетокот на јули. Истовремено во канцелариските простории ќе бидат воведени засилени хигиенско-сигурносни мерки за спречување на појавата на заразни случаи. Сепак, повеќето вработени ќе може и натаму својата работа ќе може да ја вршат од далечина до крајот на годинава.