Компанијата „Facebook“ го смени името во „Meta“  

Seen on the screen of a device in Sausalito, Calif., Facebook CEO Mark Zuckerberg announces their new name, Meta, during a virtual event on Thursday, Oct. 28, 2021. Zuckerberg talked up his latest passion -- creating a virtual reality "metaverse" for business, entertainment and meaningful social interactions. (AP Photo/Eric Risberg)

Американската технолошка компанија „Facebook Inc“, сопственик на истоимената најголема социјална мрежа на светот и на бројни мобилни апликации, го менува називот во „Meta“, објави во четвртокот основачот и челник на корпорацијата Марк Цукерберг во текот на онлајн презентацијата.

Промената е дел од ребрендирањето со кој истоимената социјална платформа ќе стане само еден дел од производите на новата компанија. Во корпорацијата сметаат дека новото име подовро ќе го одразиува она со што се занимават, во моментот кога се шират надворд од социјалните медиуми на областите како што е вритуелната стварностб

„Од денеска ќе се викаме Meta“, рече Цукерберг во текот на презентацијата на „метавселенската“ компанија.

Го претстави новото лого на компанијата во форма на сина лента Мебиус.

„Порано ми се допаѓаше класичното истражување, а зборот Meta доаѓа од старогрчкиот збор кој означува ‘после’ (зад нешто – з.р.). За мене тоа го симболизира фактот дека секогаш може да изградите нешто друго“, рече Цукенберг.

Според него, новиот бренд го акцентира вниманието на компанија та на „метаверзумот“, каде што човекот ќе се откаже од екраните и ќе го доживее ефектот на присуство во виртуелната стварност.

Концептот на метаверзумот тежнее стварноста да ја префрли на интернет, а за негов целосен развој според процените ќе бидат потребни 10 до 15 години.

Триесет иседумгодишниот основач на „Facebook Inc“ иднината ја гледа во „метаверзумот“, интернетскиот свет во кој луѓето може да користат различни уреди за движење и комуникација во виртуелното опкружување.

Цукерберг започна да зборува за „метаверзумот“ уште во јули, а необичниот збор, кој првпат се појави во дистописки роман од пред три децении, го споменуваат и другите американски технолошки компании, како „Microsoft“.

Од компанијата наведоа дека промената не се однесува на индивидуалните платформи, како што се Facebook, Instagram или Whatsapp, туку само на матичната корпорација чиј дел се.

„Нашата мисија останува иста. Нашите апликации и нашите брендови не се менуваат“, рече Цукерберг.

Преименувањето на „Facebook Inc“ доаѓа и по неколкуте скандали околу прашањата за наводната улога на компанијата во манипулациите со демократските процеси или масивното истекување потадоцо поради кој дел од корисниците биле хакирани. Поранешна менаџерка во компанијата претходно во октомври ја обвини компанијата дека им штети на децата и дека сее поделби во општеството, како и дека е свесна за тоа.