Компанијата која влегува во завршните испитувања на вакцина доби двојно поголема финансиска поддршка од САД

Американските власти двојно односно на речиси една милијарда долари ги зголеми инвестициите за развој на потенцијалната вакцина против ковид-19 што ја развива американската компанија „Модерна“.

Пред околу две недели од оваа компанија најавија дека на денешниот датум или околу него влегуваат во последната трета фаза на клиничко испитување на вакцината, кое ќе биде пообемно и во него ќе учествуваат околу 30 000 луѓе.

„Модерна“ во април доби 483 милиони долари кога изработката на вакцината била во почетна фаза, а американската Федерална агенција за фармацевтска технологија сега се обврза да издвои уште 472 милиона долари.

Вакцината што ја развива оваа компанија е наречена „mRNA-1273“.

Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 сојузни американски држави и во Вашингтон, а околу половина од локациите се во државите кои се тешко погодени од новиот коронавирус, како: Тексас, Калифорнија, Флорида, Аризона, Северна и Јужна Каролина.