Компанијата „Новавакс“ доби 1,6 милијарда долари за создавање вакцина против коронавирус

Американската биотехнолошка компанија „Новавакс“ (Novavax)  од Владата на САД доби 1,6 милијарда долари за разработка и комерцијализација на вакцина против коронавирусот, соопштија денеска од компанијата.

Грантот е во рамки на владината програмата „Ворп спид“ за создавање милиони дози безбедна и ефективна вакцина против новиот коронавирус.

Се дознава дека очекувањата се компанијата да произведе околу 100 милиони дози од вакцината до јануари 2021 година. Вакцината првично е именувана како NVX-CoV2373.

Компанијата, основана во 1987 година, досега спровела две од трите предвидени етапи на клинички испитувања на својата вакцина.

„Новавакс“ во мај доби грант од 384 милиони долари од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс за првите испитувања на својата вакцина. Средствата од  Владата на САД,  досега најголем грант на  администрацијата на Доналд Трамп за производство на вакцина против Ковид-19, се наменети за завршување на третата етапа клинички испитувања и сериско производство и распространување на вакцината.

По информациите дека компанијата добила владин грант, акциите на „Новавакс“ на тргувањата на берзата NASDAQ денеска порасна за 38 отсто.

(МИА)