Компани сака до крај да остане на Итихат

Капитенот на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, веднаш по завршетокот на престојниот Мундијал во Бразил, ќе потпише нов договор со најбогатиот клуб на Островот кој ќе има важност до 2019 година.

Репрезентативецот на Белгија пред неколку недели изјави дека сака својата богата кариера да ја заврши на “Итихат”, а со потпишувањето на новиот договор, централниот дефанзивец ќе си осигура неделна заработувачка од 170 илјади евра и ќе стави крај на сите шпекулации дека е можно во новата клупска сезона да го облече дресот на каталонскиот гигант Барселона.