Македонија

Во Веро Центар Компании ќе донираат храна за СОС Детско село и пунктот за бездомни лица во Момин Поток

Компании ќе донираат храна за СОС Детско село и пунктот за бездомни лица во Момин Поток

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Скопје организира традиционална хуманитарна манифестација во пресрет на 16 Октомври, Светски ден на храната.

На настанот што ќе се одржи во холот на Веро Центар ќе присуствува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, а компании од прехранбената индустрија ќе ги претстават своите производи на граѓаните и ќе донираат храна за СОС Детско село и пунктот за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток.

За најмладите посетители ќе биде организирано детско ликовно катче.

Од Агенцијата ги повикуваат граѓаните да бидат дел од оваа традиционална манифестација која ќе има и хуманитарен карактер.