Компании кои ќе исчезнат оваа година

Секоја година сајтот „24/7 Волстрит“ објавува список на компании чии имиња би можеле да заминат во историјата до крајот на годината. Списокот за следната година изгледа вака…

Пени

Прогнозите за исчезнување на оваа марка на гардероба се се’ поизвесни по големите загуби кои компанијата ги прокнижи во последните неколку години поради големата конкуренција на пазарот. Имено, за последниот квартал заклучно со ноември оваа година, продажбата се намали за 4,8 отсто, бруто маржата се намалила на 29,5 отсто, а компанијата пријави нето загуба од 489 милиони долари. Акциите на оваа компанија се намалија за повеќе од 50 отсто на годишно ниво.

Олимпус

Покрај лидерот на пазарот како што се Канон, Никон и Сони, никој повеќе не сака да биде во индустријата на дигитални камери и апарати. Не е тајна дека компанијата Олимпус која има само седум отсто пазарен удел, не успеала да ги генерира прогнозите за профит во претходните три години. Вистинската продажба е помала за дури две третини од прогнозата. Олимпус очекува пад на продажбата од 5,1 на 2,7 милиони единици ширум светот. Главната причина за продажба е појавувањето на смарт телефоните кои што нудат висок квалитет, како алтернатива на дигиталните фото- апарати.

Мицубиши моторс

Иако никогаш не бил присутен во САД, овој јапонски производител на автомобили имал успех со моделите Ланцер и Еклипс. Но, Мицубиши наскоро ќе излезе од американскиот пазар баш како и неговиот јапонски конкурент, американскиот Сузуки моторс, минатата година. Неговата продажба значително падна на 60 илјади единици во САД, од 80 илјади продадени во 2011-та година. Во 2013-та година се бележи пад д 0,7 отсто, односно нешто помалку од 50 илјади единици. Некои од слабостите на оваа компанија се слабата постава на нови модели и ниската доверба во возилата.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.