Компаниите бараат локалните власти да „штанцаат“ дозволи за да инвестираат во фотоволтаици

Комапниите бараат државна помош да можат да ги подмират месечните фактури кои им се зголемени неколкукратно. Од Стопанската комора алармираат дека многу фирми не можат да го поднесат товарот па веќе го запираат производствто.

„Пелагонија и Преспа се најзагрозени компании. Можам да кажам дека компаниите се во најтешка состјба, да не кажам во кома. Мојата компанија имаше по 800 илјади денари струја сега плаќа 2 милиони денари, компании кои имаа 100 илјади сега 300 илјади така да запира со производство.“ изјави Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора Битола

Спас гледаат во сопственото производство, односно инвестирање во фотоволтаици. Бараат државата да ги намали административните бариери и до крајот на годинава да не се воведуваат нови даноци.

„Ги замолуваме локалните власти да „штанцаат“ дозволи во секој момент, за да можеме да инвестираме во фотоволтаици и да надминеме барем еден дел од кризата. Сега е најбитно да ја задржиме ликвидноста, не постои цена која нема да ја платиме за да задржиме ликвидност, а така ќе ги задржиме и вработените“, Ирена Јакимовска, претседател на Регионалната комора – Прилеп.

И претседателот на комората Бранко Азески смета дека за надминување на кризата – клучна е државната помош.

„Никој не предвидуваше војната, ниту колку ќе трае, а сето тоа носи неизвесност, која може да не донесе до ситуација фирмите да се откажуваат од инвестиции, да се откажуваат од работни места а за некој период и да затвораат“, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора

На денешниот состанок во комората ќе кројат мерки кои во следниот период ќе и ги предложат на Владата.