Компаниите кои добија грант од Фондот за иновации ќе даваат отчет три години

80 македонски микро, мали и средни компании во наредните три години ќе му даваат отчет за реализациите на своите иновации на Фондот за иновации, кои ги помогна нивните проекти со вкупно 10,5 милиони евра.

Компаниите  добија грантови преку мерките од третиот столб на владиниот план за економски раст. На повикот објавен од Фондот за иновации и технолошки развој се пријавиле 236 компании.

Чековите со добиените средства ги врачија премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Ангушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

– Компаниите на кои денеска доделуваме грантови се компании кои сакаме да ги видиме извозно ориентирани, успешни во светот, компаниите кои ќе го поддржат економскиот развој- рече Ангушев во петокот на доделувањето во Филхармонија.

 

Директорот на Фондот рече дека со  доделувањето на овие средства е важно дека зад секој 1,4 денар инвестиција од државата, приватната компанија инвестира денар. Истакна дека е важно што компаниите инвестираат.

Тој потенцира дека пристигнатите апликации се разгледани за многу краток временски период и дека за 33 дена се донесени одлуки.