Вчера во Тајпеј , Тајван беше отворен најголемиот азиски саем за технологија ,,Компјутекс“. На овој голем настан на кој учествуваат најголемите производители и лидери во компјутерската технлогија беа претставени најновите достигнувања и најавени очекуваните промени во оваа елитна и најбрзорастечка гранка на електронската и компјутерската технологија. Примарна дискусија околу која се вжештија присутните беше прашањето дали ќе преживеат персоналните компјутери. Се на се, можеме да очекуваме нова ера на интегрирани паметни и поврзани уреди кои се подвижни и индивидуални .
На „Компјутекс“ се лансираат повеќе од дузина Интел базирани таблети, а во текот на годината се очекува на пазарот да излезат уште 130 нови дизајни на таблет компјутери од кои околу 35 отсто ќе имаат интегрирани комуникациски решенија и атом процесори.
За персоналните компјутери да станат уште повеќе персонални, од ена од корпорациите кои учествуваа на саемот кажаа дека треба да се однесуваат со корисниците по нивни правила, правејќи ја интеракцијата поприродна и интуитивна. Од „Интел“ најавија соработки и нов напредок какои равој во делот на новата Intel® RealSense™ технологија и 3-Д камери, како и апликации за растечкиот број на 2 во 1 уреди (се-во-едно), таблети и останати персонални компјутерски уреди. Џејмс, додаде дека Intel® RealSensе софтверот и комплетот за развивање ќе биде достапен за развивачите кон крајот на годината, овозможувајќи им на иноваторите од сите нивоа на знаење и вештини да создаваат природни и интуитивни кориснички искуства. Компанијата е силно уверена во предноста на оваа нова технологија и предизвикот го поддржуваат со 1.000.000 долари, а фазата на идеи за овој проект ќе започне на карјот на 2014 година. Целта на заложбите на компанијата е создавање на бран на компјутерски паметни уреди, интегрирани и поврзани меѓусебе, на клауд и во животите на луѓето.
„Без разлика дали се работи за паметни телефони, паметни маички, ултра-тенки 2 во 1 уреди или пак нова клауд услуга опремени со поврзани системи , Интел и Тајванскиот екосистем заедно имаат можност да ја забрзаат и испорачаат вредноста на паметните уреди, за беспрекорно поврзан и интегриран свет на компјутерите.“- рекол претседателот на американската корпорација „Интел“, Рене Џејмс.
„Границите помеѓу технолошките категории избледуваат како што ерата на интегрирани компјутери завзема доминација и формата е помалку важна наспроти искуството што сите овие направи го обезбедуваат поврзани помеѓу себе и на клауд“ изјави Рене Џејмс претседателот на корпорацијата Интел на овој еминентен собир.
Новите процесори се со подобри перформанси и пониска потрошивачка на енергија и го прошируваат потенцијалот на технологијата од инфраструктурата на ,,клауд“ и „Интернетот на нештата“ кон персонална, мобилна и компјутерска технологија „која може да се носи“ односно е индивидуализирана даго следи движењето на корисникот.
Голем дел од дискусијата беше посветена и на новите комуникациски решенија за таблети, широка палета на SoC и смартфони со различна форма, цена и оперативен систем.
Се дискутирало и за новите напредни софтверски плaтформи кои се во фаза на тестирање и истражување, а се очекува компaнијата „Интел“ да ги стави во уредите во наредните месеци.
Според изјавите на производителите на мобилна и компјутерската технологија, во наредната година можеме да очекуваме подобрени и технолошки попристапни производи кои ќе ја приближат вкупната технологија која ја користиме кон зголемена пренослисловост, зголемена размена на податоци, како и подобрување во делот на уредите со кои се служиме за архивирање и размена на податоци. Се погласни се најавите дека управувањето со податоци преку новите ,,клауд,, системи ќе стане секојдневие.
Иновации беа најавени и во делот на подобување на системите за ладење на компјутерските уреди, па така кон крајот на годинава се очекува да се појават нови модели во кои ќе изостане класичниот вентилатор за ладење. Следната генерација на процесори ќе бидат енергетски најефикасни процесори во историјата. Повеќето дизајни базирани на овој нов чип се очекува да бидат fanless (без класичен уред за ладење) и да обезбедат таблети брзи како молња и лаптопи со дебелина на жилет.
Извршниот директор на „Фокскон“ се придружи на сцената на Џејмс за да претстави повеќе од 10 таблети базирани на Интел кои се достапни во моментот или ќе се испорачуваат наскоро, од основни уреди до оние сегменти со највисоки перформанси. Овие таблети се базирани на Intel® Atom™ процесор (со кодно име „ Bay Trail“ или „ Clovertrail+“ системи на чип (SoC) и повеќето ги поседуваат Интеловитеа 3G или LTE комуникациски платформи.