Германската компанија RWE соопшти дека во нуклеарната електрана Гундрминген, со која управува, откриени се компјутерски вируси, но по се изгледа, тие не претставувале закана по работата на нуклеарката бидејќи таа не е поврзана со интернет, пренесува МИА.
Нуклеарната централа Гундрминген се наоѓа на околу 120 километри северозападно од Минхен, а меѓу вирусите пронајдени во компјутерскиот систем на нејзиното Б одделение биле и „W32 Ramnit“ за кражба на фајлови и „Conficker“ кој се шири по пат на преносни драјвови.
Според објаснувањето на компанијата, вирусите се внесени во 2008 година, заедно со софтверот за визуелизација на податоци, кој е поврзан со опремата за покренување цевки со нуклеарно гориво.