Комплетирано првото квалификациско коло од Лигата на шампионите

Сите пет гостински екипи од реванш дуелите од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите изборија пласман во следната рунда.
Тоа се екипите на: Хибернианс (Малта), Викингур (Фарски Острови), ТНС (Велс), Алашкерт (Ерменија) и Линфилд (Северна Ирска).

Резултати:

Инфонет Талин – Хибернианс 0:1 (0:3 вкупен резултат);
Трепча – Викингур 1:4 (2:6);
Еуропа – ТНС 1:3 по продолжение (3:4);
Санта Колома – Алашкерт 1:1 (1:2) и
Ла Фиорита – Линфилд 0:0 (0:1).