Комплименти за македонскиот селектор, Ангеловски е вистинско освежување за европскиот фудбал

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, доби пофални зборови од новинарите на спортската мрежа Sport Klub.

Имено, во анализата на вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Украина, Ангеловски веше опишан како „вистинско освежување за европскиот фудбал“.

„Селекторот Игор Ангеловски е вистинско освежување за европскиот фудбал. Со начинот на кој го води тимот, со сјани тактички решенија покажува дека е иднината на европскиот фудбал. Сигурно е дека во иднина и во клупскиот фудбал ќе можеме да го гледаме Ангеловски и неговите одлични тактички решенија“, беше еден од коментарите на новинарите на Sport Klub.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.