Комунистичката партија на Кина ја подготвува третата резолуција во својата историја и третиот мандат на Кси

кси Следните четири денови се сметаат за историскиот век, Кинеската комунистичка партија го започна од понеделникот најважното годишно заседавање на кој би требало да биде усвоена историската визија на претседателот Кси Џинпинг.

На власт веќе девет години, Кси Џинпинг се подготвува за една годна да го преземе и третиот мандат на чело на Комунистичката партија, што ќе ја засили неговата позиција на најмоќниот водач на земјата од основачот на комунистичкиот режим Мао Цетунг, кој владееше со најбројната нација од 1949 до 1976 година.

Нечекајќи го 20-от конгрес закажан за есента 2022 година, Централниот комитет како највисокиот орган на Комунистичката партија на Кина, ќе заседава до четвртокот.

Како и вообичаено, пленумот се одржува зад затворени врати, далеку од погледот на медиумите.

Во кусата вест, службената новинска кинеска агенција Xinhua, објави само дека во понеделникот утрото по локални време започнало заседанието. На дневниот ред е резолуцијата за историјатот на Партијата, коашто во јули годинава ја одбележа 100-годишнината од основањето.

Кси Џинпинг ја „појаснил“ содржината на резолуцијата пред Централниот комитет, се наведува уште во агенциската вест.

„Оваа резолуција е очигледно дел од настојувањата на Кси Џинпинг да остане и натаму на чело на Партијата по 20-от конгрес“, изјави за AFP Алис Екман, аналитичарката за Азија при Институтот за безбедносни студии на Европската унија (EUISS).

Затоа, смета Екман, мора да ја наметне својата визија на власта, да го јакне авторитетот на Партијата за да се избегне судбината на комунистичкиот режим на поренешниот Советскиот сојуз.

 

Дали Кси ќе се пресмета на Денг?

Кси Џинпинг би можел да ја искористи оваа резолуца за да ги „расчисти историските епизоди коишто не ги сака“, на пример екцесите во економските реформи покренати кон крајот на 1970-те години, оценува во својот подкаст, експертот за Кина, Крис Џонсон од Центарот за стратешки меѓународни студии, тинк-тенк во Вашингтон.

Во еден век од своето постоење, Кинеската комунистичка партија усвои само две резолуции за својата историја коишто претходеа на големите промени, едната во 1945 година четири години пред Мао да дојде на власт, а втората во 1981 година кога Денкг Ксијаопонг ги покрена реформите коишто Кина ја претворила во втората економска сила на светот.

Денг резолуцијата ја искористи да ја сврти страницата на маоизмот, критизирајќи ги ексцесите на својот претходник, како што беше наглата индустријализација наречени Големиот скок напред и хаосот на Културната револуција.

„Дали Кси Џинпинг ќе му го стори на Денг она што Денг ми го направи на Мао критикувајќии ги ексцесните политики на реформи и отворање“, запрашува Крис Џонсон.

Тоа, според него, би било во согласност со логиката на стегнувањето на обрачот околу приватниот сектор последните месеци, како што се дигиталниот и градежниот сектор, во кој е една од големите корпорации „Evergrande“ којашто е на работ од пропаѓање поради новите владини прописи за задолжувањето.

„Тежината на Комунистичката партија во економијата последните три години е многу зголемена. Процесот на либерализацијата кој го покренаа претходните челници суштински е доведен во прашање“, вели Екман која е авторка на „Светло црвено, кинески комунистички идеал“.

 

Бессона ноќ

Никој не се сомнева дека Кси Џинпинг сака да го зголеми своето влијание во замјата која беше прва зафатена со епидемијата на коронавриусот во декември 2019 година, а по две години најнаселената држава на планетата ги има најниските епидемиолошки податоци според заразените и починатите.

Киенските медиуми се истрајни дека политиката на „нулти ковид“ кајашто ја спроведуваат властите е добра, иако има повремени мали избувнувања на локални епидемии.

Во подолгиот текст објавен во саботата, Xinhua извести дека претседателот Кси минал „бессона ноќ“ во јануари 2020 година пред воведувањето на карантинот во Вухан во централната покраина Хубеи, епицентарот на епидемијата.

„Времето покажа дека овој строг пристап беше единствената одржлива опција“, наведува агенцијата.

Според Xinhua, 68-годишниот Кси Џинпинг е „решителен човек кој презема акција, промислен и длабоко чувствителен, човек кој го презема наследстввото, но се осмелува да биде иновативен, чивек кој има визија за иднината и е доследен во неуморната работа“.