Концерт на „ДНК“ во Штип

Билетите за концертниот спектакл се пуштени во претпродажба по цена од 200 денари, додека на врата (на денот на концертот) истите ќе чинат 300 денари.

Панчо и Андреј на штипската сцена ќе застанат во придружба на својот бенд, кој ги следи на сите големи концерти, а интересно е што за загревање на атмосферата пред стартот на свирката ќе биде задолжен диџеј Ири Скреч.

„Се радуваме на саботната дружба со штипската публика. Не се сомневаме дека ќе си поминеме одлично зашто секој наш настап, секое наше гостување во градот под Исарот поминува во одлична и незаборавна атмосфера”, велат Панчо и Андреј.