Конечно и институционална потврда: се прислушува опозицијата, параполицијата владее со државата

Вчера македонската јавноста доби и институционална потврда и веќе нема никакви дилеми дека опозицијата е следена и прислушувана од страна на безбедносните институции, а на што извесен период предупредуваат и опозицијата и медиумите.

Две години по почетокот на реформите во безбедносниот систем не е направен суштински чекор напред и поранешната Управа за безбеднот и контраразузнавање (УБК), а актуелна Агенција за национална безбедност (АНБ) сѐ уште има технички можности за прислушкување на телефонските разговори, што е спротивно на новите реформски закони. Но најстрашно е што ни АНБ, ни техничкиот премиер и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски суштински не го дематираат она што вчера го изнезе јавно министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Министерот Чулев, кој дојде на позицијата од Агенцијата за разузнавање, на прес-конференцијата, меѓу другото, рече дека оптичкиот кабел, кој наместо од Оперативно техничката агенција (ОТА) директно да оди во Министерството за внатрешни работи, продолжува во АНБ. Од АНБ, којашто е водена од поранешниот висок функционер на СДСМ, Виктор Димовски кој цел ден ги игноририраше барањата за коментар на медиумите, во своето соопштение вечерта тврдата дека не располагаат ниту со опрема за прислушување, ниту со медијациски уреди за активирање.

Чулев, инаку, го повика надлежното Јавно обвинителство да го истражи овој сериозен случај и по допрен глас да утврди евентуална одговорност за неспроведување на законот.

„Кој стои позади фактот дека АНБ сѐ уште го држи монополот во системот на следење на комуникации и дали тоа сценарио е креирано и спроведувано од одредени политички структури. Агенцијата за национална безбедност се уште е дел од системот за следење на комуникации на начин спротивен на Законот, односно се уште има можност за пристап до сите телефонски разговори кои се предмет на оперативна обработка од страна на МВР“, праша Чулев.

Дека опозицијата веќе подолго време е мета на прислушување се пожалија првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, пред една седмица во телевизискиот дуел со Радмила Шекеринска јавно обвини за физичко и електронско следење на највисоките опозициски функционери од страна на безбедносните служби на државата. Оваа прилично шокантна информација тој ја поткрепи со неколку примери на фотографирање и снимање на партискиот лидер Христијан Мицкоским како и за пресретнати координации по телефони од кои потоа очигледно на лидерските средби лидерот на СДСМ, Зоран Заев, имал предност при креирање на позициите во однос на опозицијата. Николоски притоа објасни оти постои страввуање дека некој може да ги уништи доказите и најави дека ќе ги чуваат за после изборите да ги достави до комисиите во Собранието кои вршат надзор врз ОТА и АНБ.

Пред извесно време во текст во НетПрес беше предупредено дека АНБ сѐ уште поседува технички можности без посредство на ОТА, а и без некоја посебна контрола од Обвинителството да следи комуникации, односно простор креиран под превезот на божемна „заштита на државните интереси” што дава можност преку една широка, и нејасна формулација на заштита на уставниот поредок и тероризам, оваа агенција АНБ директно следи политички противници на власта.