Конечно: Ѕвездите на Х-фактор со концерт во Скопје

Конечно, балканските миленици и ѕвезди во подем, учесниците на шоуто Х-фактор ќе пеат и пред македонската публика.

На 14 март во спортскиот центар Борис Трајковски, легендарните Кики Лесендриќ и Пилоти заедно со ѕвездите од Х-Фактор на концерт во Скопје.

Покрај Кики и Пилоти во Скопје доаѓаат и шармантниот Лукијан Ивановиќ, неверојатната Тамара Милановиќ, финалистот со најубавата насмевка Алекса Перовиќ, неповторливите Доктори и нашиот талентиран пејач  Даниел Кајмакоски.

Сите оние кои што овој 14 март ќе бидат во Борис Трајковски ќе имаат неповторлива можност да се забавуваат и со финалистите од популарното шоу ,но и да бидат дел и од настапот на ексклузивни гости кои што само ќе ја надополнат спектакуларната концертна атмосфера.

Влезниците од утре ќе бидат пуштени во продажба на продажните места на Купи Карти За Се како и во стандардните продажни места низ Скопје и цела Македонија: Пола Југотон, цвеќара Розе Веро 2, Камарад – Рамстор. Цената на влезниците до 5 март е: трибина – 400, партер – 350, фан пит – 700 и вип трибина – 1000.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.