Конечно: Лукаку потпишува за Интер

Лукаку ќе ги решава проблемите на Јунајтед во нападот

Италијанскиот калчолигаш Интер го доби посакуваното засилување во нападот. Белгиецот Ромелу Лукаку доаѓа на „Џузепе Меаца“ откако раководството на Интер конечно изнајде заеднички јазик со Манчестер Јунајтед за реализација на трансферот.

„Нероаѕурите“ ќе платат 65 милиони евра, плус дополнителни 13 милиони евра како бонуси условени со идните успеси на Лукаку во дресот на Интер.

Долги и измачувачки беа преговорите меѓу двата клуба, но напаѓачот инсистираше на трансфер, замина во Белгија и тренираше со Андерлехт јасно порачувајќи дека нема намера да остане на „Олд Трафорд“. На крајот падна договор и се очекува трансферот да биде официјализиран во текот на утрешниот ден. Лукаку треба да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на петгодишна верност кон Интер.