Конечно освежување: Променливо облачно време и пад на температурите

По повеќето пеколни денови, конечно мало освежување. Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Од УХМР информираат дека повеќе врнежи се очекуваат во југозападните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температурата ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 24 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 28 степени.

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Услови за локална нестабилност ќе има во петок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.