Конектикат го легализираше „рекреативното“ уживање на марихуаната

Контектикат стана 18-та американска сојузна држава којашто ја легализираше марихуаната за рекреациски цел за возрасните.

Гувернерот Нед Ламонт потпишувајќи го законот изјави дека тој ќе помогне во „зацелување на економсите рани кои ги остави војната против дрогите“.

Законот кој стапува на сила на 1-ви јули, автоматски ќе ги избришат многу кривични пресуди и че во постават регулаторна структура којашто би ги насочувала можностите и приходите кон заедниците кои се погодени со нејзината забрана.

„Со децении војната против канабисот предизвика неправди и создавапе разлики, а притоа не стори многу на заштитата на јавното здравје и безбеднот“, наведува демократскиот гувернер Ламонт во писмената изјава.

Забележувајќи дека некои држави во опкружувањето веќе ја легализираа рекреациското користење на дрогите, Ламонт тврди дека „ние не само што ефикасно ги модеринизираме своите закони и ги решаваме неправдите, туку го одржуваме Конектикат економски конкурентен“.

Марихуанта е легално достапна за продажба во соседниот Масачусетс повеќе од две години.

„Регулирањето на канабисот, наместо да биде инкримиран, се покажа како супериорна јавна политика, поради што сѐ повеќе држави забрзано одат во таа насока“, изјави Пол Арментано, заменик директор на активистичкото здружение NORMAL кое се залага за укинување на законот за марихуаната.

Движењето за легализацијата годинава доби залет бидејќи пет сојузни држави, вклучително Конектикат водени под неолибералните демократи, го одобрија „рекреативното“ уживање на дрогите.

Марихуаната, која и натаму е забранета со американскиот сојузен закон, одобрена е за медицинска уппотреба во 36 држави, вклучително и Конектикат.