Коневски: Долно Лисиче ќе добие детска градинка и спортска сала

303

Изградба на училишна спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче и нова детска градинка, најави денеска кандидатот за градоначалник на општина Аеродорм од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

„Од бројните проекти што ги предвидовме во предизборната програма за Општина Аеродром, денеска ги промовираме проектите што ги предвидовме во програматa за Долно Лисиче.

Двата позначајни проекти меѓу нив се изградба на училишна спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче и нова детска градинка.

Со изградбата на спортска сала ќе се обезбедат услови за спорт за учениците од основното училиште во Долно Лисиче, додека со изградбата на новата градинка ќе се зголеми капацитетот за згрижување деца од предучилишна возраст во Долно Лисиче.

Дозволете ми да ги поканам граѓаните на претстојните локални избори да ги поддржат кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можеме да го реализираме не само овие, туку и други проекти предвидени во изборната програма“, напиша Коневски на својот фејсбук профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.