Коневски: Жителите на Табак сити ќе добијат нови детални урбанистички планови

На денешната прес-конференција во населбата Табак сити, промовираме дел од предизборната програма за претстојните локални избори, изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

„Она што верувам дека најмногу ги интересира жителите на овој дел од општината е донесување на три детални урбанистички планови за локалитетите Македонија Табак и Индустриска зона. На тој начин граѓаните ќе можат да си ги остварат своите права за регулирање на станбените прашања и имотно-правните односи, особено на оние кои живеат во супстандардни услови“, изјави Коневски.

Со реализација на новите ДУП-ови ќе се овозможи изградба на нова инфраструктура и уредување и модернизација и на ова населено место во нашата општина, коешто се наоѓа толку блиску до центарот на градот.

„Исто така, ќе обезбедиме средства од Буџетот на Општината и за изградба на нови линии за јавно осветлување за да блесне во нов сјај и оваа населба“, рече Коневски.