Конференција „ReThink: Decoding Misinformation“: Да ги преиспитаме штетните навики

„Не е секогаш лесно да се променат навиките, кои многумина ги имаме и ретко ги преиспитуваме, истакна кардиологот, д-р Един Бегиќ на неодамна одржаната, втора по ред конференција „Горлив проблем“ одржана во Црна Гора, а на која беше опфатена темата – Rethink: Decoding Misinformation (Преиспитај: Декодирање на дезинформациите).

Тој истакна дека и покрај постоењето на јавни кампањи кои сугерираат неопходност на промената на животниот стил, популацијата тоа тешко го усвојува, иако фармаколошката терапија (со лекови), без нефармаколошка (промена на животниот стил, редукција на внес на сол и шеќер, секојдневна физичка активност, престанок на конзумирање цигари и алкохол), не е адекватна.

„Задолжителниот престанок на пушењето, во кој било момент, донесува бенефит за поединецот, посебно во секундарната превенција, по кардиоваскуларен инцидент. Ако самиот срцев удар не оставил голема последица на пациентот, и ако истиот може да ги извршува своите секојдневни активности, и покрај иницијалниот престанок на пушењето, во период од шест месеци, дури и до 90 проценти од пациентите се враќаат на навиката на конзумирање цигари. Во тој случај, лековите (па и оние што се дел од современата медицина, односно најскапите) и целите терапии кои се оптоварувачки и за пациентот и за здравствениот систем немаат многу смисла“, истакна доктор Бегиќ.

Токму кај овие пациeнти, кои имаат предизвик да престанат со пушење, важна улога може да има преминот од традиционалните цигари на алтернативни производи. „Технологијата на загревање на тутунот е смислена како вид на алтернатива за оние кои не можат да ги остават цигарите, и лекарите и истражувачите мораат да обратат внимание и да се информираат кои се нивните вистински бенефити во однос на конвенционалниот производ. FDA (Американската агенција за храна лекови) потврди дека овие производи емитуваат помалку штетни материи, посебно во светот на атеросклерозните крвни садови. Во тој FDA документ ќе прочитате и дека со користење на овој вид алтернативи настануваат потенцијално штетни материи и и тоа сите го знаеме, но нивниот квантитет е значајно помал“, рече д-р Бегиќ, нагласувајќи дека докторите би требало да го прочитаат барем овој документ, за да бидат адекватно информирани при советувањето на своите пациенти.

Но и кога знаат, а најчесто знаат што е добро за нив, а што лошо, луѓето се држат до своите обрасци на однесување. Психотерапевтот и едукатор, Лео Иванишевиќ рече дека мозокот сака црно-бели решенија. „И кога ги имаме сите вистински информации, тежнееме да ги отфрлиме, доколку не се согласуваат со нашите ставови, нашите емоции ќе ги искриват фактите за да бидат во согласност со она во што веруваме и за на крај да не мораме ништо да промениме. И во тоа искривување на фактите сме многу креативни – се трудиме да си објасниме зошто пушењето е добро, избегнуваме одговорност, така што се убедуваме себеси дека тоа е посилно од нас, го пренагласуваме антистрес ефектот од пушење итн. Од друга страна, исправните информации ги дискредитираме, ги доведуваме во прашање изворите, тврдиме дека се работи статистика неприменлива на поединец, дека се работи за завера, за промена која за нас би била неподносливо стресна… Токму поради тоа, често е неопходно да се понуди средно решение – ако од лицето бараме да се откаже од нешто, мораме да му понудиме нешто за возврат. Го учиме да ја толерира амбиваленцијата. Сите знаеме дека апстиненцијата е најдобро решение да се ослободиме од некоја зависност, но апстиненцијата е перфекционистички идеал – мораш да заборавиш на никотин или шеќер, сега и до вечноста, или во спротивно ќе умреш. Тоа е голем притисок од кој нашата психа се брани. Затоа за многумина, намалувањето на штетноста е единствен начин да направат нешто добро за своето здравје – некогаш е минливо, некогаш трајно решение, но секако е чекор во добар правец.