Конференција на Женски приказни со жени од традиционални и нови медиуми

Set the tone of voice е темата на втората сезона од конференциите на Женски приказни која ќе се одржи утре, вторник, 19-ти февруари во Јавна Соба со почеток од 18 часот. Домаќин и модератор на настанот е Нина Николиќ, директно учество ќе земат Ружица Антиќ, главен и одговорен уредник на магазинот Портрет, Сања Стојковска, водител во Сити Радио, Кика Авеиро, активистка на социјални медиуми и Јелена Спенџарска, новинар и водител во Канал 5.

На овој настан говорничките се жени од традиционалните и новите медиуми од различни сектори кои ќе ви дадат практични совети за кариерен пат, креирање содржина, пренесување позитивна порака во јавноста, менаџирање на обврски. Искористете ја оваа можност да разговарате со жени кои ги делат истите предизвици, интереси и страсти како вас, вели Нина Николиќ од #SwissEP.

Настанот е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништво #SwissEP, поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; во партнерство со Public Room и Grouper.mk.

Влезницата е со различна цена, која може директно да ја купите на https://grouper.mk/deal/womenpreneurs-stories-set-the-tone

Womenpreneurs Stories (Женски приказни) има за цел да инспирира и мотивира жени да преземат одговорност за нивниот професионален живот, да изградат бизнис партнерства, како и вмрежувања со жени на лидерски позиции во различни фази на градење на нивните кариери и бизниси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.