Конференција за измените во однос на физичките лица како даночни обврзници

Научна конференција „Данок на додадена вредност – измени во однос на физичките лица даночни обврзници: дилеми и перспективи“ ќе се одржи денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Панелисти на конференцијата, како што е најавено, се  генералниот директор на УЈП, Анастасија Илиеска, како и професорите Ванчо Узунов, Весна Пендовска и Александра Максимовска од Правен факултет.

На конференцијата ќе стане збор за измените во законската регулатива на ДДВ, за дилемите и проблемите во примената на новите правила од законската регулатива за ДДВ, ДДВ правилата за прагот на регистрација во ЕУ и РМ и можностите и опасностите од даночна евазија поради измената во ДДВ регулативата.