Конференцијата за Венецуела бара предвремени избори, Мадуро ги обвини САД за економски тероризам

Меѓународната конференција за Венецуела повика на одржување итни предвремени избори и отфрли секое насилно решение за излез од кризата, пренесуваат светските агенции во средата, ден откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД за „економски тероризам“.

Меѓународната контактна група за Венецуела (ICG), која вклучува латиноамерикански и европски држави, предупреди дека „брзо се влошува кризата …. и сериозно му се заканува на регионот, во прв ред поради масовниот бран миграции од Венецуела во соседните земји“, пренесува агенцијата DPA. Повика притоа на „транзиција преку преговори и венецуелскиот народ да одлучи (за својата судбина) на слободни и транспарентни претседателски избори“.

Конференцијата одржана во перуанската престолнина Лима собра претставници на повеќе од 50 земји во обидот да се најде решение за кризата во Венецуела, кусо откако Вашингтон објави дека го замрзнува сиот имот на венецуелската влада во САД. САД веќе воведоа 30 кругови санкции, опфаќајќи со нив 200 поединци и ентитети во Венецуела, соопшти Белата куќа.

Овој потег го осуди социјалистичкиот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој го започна својот втор мандат во јануари, што опозицијата поддржана од САД не го признава велејќи дека наводно изборите одржани три месеца претходно биле лажирани.

САД со санкциите спроведуваат „економски тероризам“, обвини Мадуро, а неговата заменичка потпретседателка Делси Родригез овој потег на Вашингтон го нарече обид за „целосно задушување“ на венецуелската економија.

Шефот на перуанската дипломатија, Нестор Пополизио, ја повика во Лима меѓународната заедница да ја зголеми хуманитарната помош за Венецуелците и да ги поддржат земјите кои примаат иселеници од Венецуела. Неговиот колумбискиот колега по должност, Карлос Олмес Трухиљо, го повика светот да му даде поголема поддршка на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо кој како претседател на парламентот во јануари по сугестија на САД се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела.

Повеќе од четири милиони Венецуелци побегнаа од земјата поради кризата и немаштијата, инфлацијата и политичкиот хаос, од кои речиси 700.000 кон крајот на 2015 година, според податоците на Обединетите нации. Повеќе од 1,4 милиони Венецуелци живеат во соседна Колумбија, којашто во понеделникот објави дека ќе им даде дрќавјанство на децата на венецуелскиот родители родени во Колумбија од авгист 2015 година.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, ој исто така учествуваше на конференцијата во Лима, ги повика Русија и Кина да ја повлечат својата поддршка за венецуелскиот претседател Николас Мадуро, предупредувајќи дека „руската воена присутност“ во оваа земја може да придонесе за „странска интервенција“.

Од почетокот на венецуелска криза повеќе функционери од Вашингтон, вклучително и претседателот Доналд Трамп, ја споменуваа воената интервенција како можно решение на кризата. Русија и Пекинг предупредуваат на ваквата опаснсот, а Москва не крие дека ѝ испраќа воено-техничка помош на Венецуела, и тврди дека тоа е дел од соработката во одбранбената сфера според потпишан меѓувладин договор и негира дека распоредила борбени единици во латиноамериканската држава.

Меѓународната контактна група за Венецуела (ICG) соопшти дека „остро отфрла секакво насилно решение“,