Конфискувани 130 килограми марихуана во Драч

 – Дрогата, пакувана во 100 пакетчиња е откриена при рутинска контрола на камион со албански регистарски таблички, натоварен со конфекциски произоди, што требало да ги транспортира за Италија. Уапсен е возачот на камионот, се наведува во полициското соопштение.

Според полицијата издадеа е потерница по лицето А.Х.(50) сопственик на компанијата, за кого постојат основи на сомненија дека е организатор на шверцот со дрога.

Деновиве италијанската полиција во пристанишниот град Бриндизи заплени еден тон марихуана натоварена на моторен чамец. Во акцијата беа уапсени тројца Албанци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.