Конфликтите на Блискиот Исток значат и повисока цена на нафтата

Исламските милитанти го заземаат Ирак, а  со оглед на тоа колку брзо напредуваат има големи шанси да го заземат и Багдад.

Ваквиот пресврт на настаните, раѓа страв кај светската јавност, дека многу наскоро ќе има силен удар врз пазарот на нафта.

Како ваквите настани ќе влијаат врз цената на нафтата?

Најголемиот дел од вооружените престрелки се одвиваат во северниот дел на Ирак, а сепак 70 отсто од производството на нафта е во јужниот дел.

„На некој начин ова не е нов проблем. Но она што загрижува е големата ескалација на конфликтот. ИСИС успешно и пркоси на армијата. Ова се лоши вести, кои на долг рок ќе имаат сериозни последици“, изјавил Дејвид Хорган, извршен директор на Петрел Ресосрсис, нафтена компанија која е во Ирак од 1999 година.

Ова ќе направи прозиводството на нафта да биде отежнато.

iirak

Ирак произведува 3.3 м барели нафта секој ден. Производството се’ уште не е опоравено од Заливската војна, а собирањето на средства кои се потребни е отежнато како и пласманот.

Нападот на нафтената рафинерија во Баији, резултираше со прекина производството во вторникот, а светската јавност е се позагрижена дека ИСИС ќе го освои и јужениот дел на Ирак, кадешто во најголема мера се произведува нафтата.

Почнувајќи од април, цената на нафтата од 105 долари од барел се искачи на 133.50 долари од барел, со интензитет да расте и понатаму.

„На нафтениот пазар има генерален заклучок дека конфликтите на Блискиот Исток, значи и повисока цена на нафтата. Доколку Багдад не „колабира“ под огнот на ИСИС се ќе биде во ред, но и покрај тоа самиот страв од ситуацијата има влијание врз цената на нафтата, објаснил прф. Стивенс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.