Конго: Главниот опозициски кандидат умре од Covid-19 веднаш по затворањето на избирачките места

Главниот опозициски противкандидат на актуелниот претседател на Конго, Ги-Брис Парфе Колела, починал од Covid-19 ддоека бил префрлан во Франција на лекување, неколку часа по затворањето на избирачките места.

„Почина во медицинскиот авион кој дојде по него во Бразавил во неделата попладнето“, изјавил за AFP директорот на неговата компанија Кристијан Сир Родриже Мајанда. Додава дека ќе продолжи броењето на гласовите, како и дека Колела е „во вдоство во одреден број“ изборни единици.

Ги-Брис Парфе Колела добил позитивен тест на короанвирусот во петокот попладнето, и не можел да учествува на последниот предизборен собир во Бразавил. Во текот на викендот објави видео во коешто рече дека се „бори за животот“.

„Јас се борам за животот, но без оглед на тоа, барам од вас да станете. Одете да гласате за промени. Не се борев попусто“, изјави во оваа порака видно ослабениот Колела кој на минатите избори пред пет години беше на воторот место.

Резултатите од изборите сѐ уште не се познати, а се очекува дека претседателот Дени Сасу Нгуесо ќе го продолжи своето 36-годишната владеење и покрај економската криза во оваа земја која е богата со нафта.

Сасу, 77-годишен поранешен воен падобранец, на власт дојде со воен удар во 1979 година. Загуби на првите повеќепартиски избори во 1992 година, но се врати на власт во 1997 година по граѓанската војна.

Објавувањето на разултатите се очекува четири дена по изборите. Доколку ниеден не обезбеди повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг ќе се одржи по 15 дена. Според изборниот закон, изборите не се понишуваат доколку еден од кандидатите во меѓувреме почине.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.